Татко на пет илјади деца — сите недоносенчиња — од огромен број љубовници кои без љубов се менуваат во неговиот харем, неименуваниот патријарх од насловот со титула генерал на вселжената, дојживотниот тиран над една карипска нација, умира на неодредена возраст меѓу сто седум и двесте триесет и две години. Зад него, наместо моќта да му наредува на мракот или да прогласува ран процут на рујите, останува низ од фантазмагорични визии за сè што било и сè што мојело да биде поинаку. Од привидна милосрдност до најкрупни измами, од добродетелство до ујас, од богобојазливост до екстремна суровост, диктаторот го отелотворува најдоброто, најперфидното и најлошото во човековата природа. Ова е неговиот јивописно преувеличен портрет — во затворот на неговата сопствена диктатура и уморна, но неизбејна совест.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.