Приказната почнува при крајот на ноември 1327 година, кога во еден бенедиктински манастир пристигнува англискиот францисканец Вилјем од Баскервил во придружба на својот ученик и искушеник Адсон од Мелк. Манастирот е потресен од необјаснивата смрт на младиот собрат Адолфо, чие мртво тело е само првото од неколкуте што во околината создаваат атмосфера дека се ближи апокалипсата и дека набрзо ќе дојде антихристот. Доволно световни за да смеат да си дозволат да бидат логични, надминувајќи низа пречки – од строг библиотечен наџор па до посета на Инквизицијата – Вилјем и Адсон тргнуваат во потрага по вистинскиот причинител за смртта на калуѓерите. Продадена во повеќе од педесет милиони примероци ширум светот и преведена на над четириесет јазици, „Името на розата“ е добитник на највисокото книжевно признание во Италија, наградата „Стрега“, и е прогласена за една од стоте најдобри книги на дваесеттиот век според реномираниот француски весник „Ле Монд“.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.