Крвава месечина, 13тиот роман во серијалот за Хари Хуле. Брилијантниот детектив се враќа – како приватен истражител со свој тим составен од одметници На почетокот од есента во Осло исчезнуваат две девојки кои биле на иста забава кај познатиот милијардер Ред. На пронајденото тело полицијата забележува необичен „потпис“, кој навестува дека тоа е само почеток на нечии чудовишни намери. Откривањето на необичниот убиец бара и необичен детектив. Но легендарниот Хари Хуле е преселен во Лос Анџелес и е на добар пат да си ја оствари намерата – да пие до смрт. Одбива да се врати во Осло сè додека некогашната глумица Лусил, која му го спасува животот, не запаѓа во голема опасност. А тој може да ја спаси само ако го прифати ангажманот што доаѓа од неговиот роден град. Се враќа во Осло и составува чуден тим – другар од детството кој сега е дилер на кокаин, корумпиран полицаец и психолог на смртна постела. Има десет дена да го најде убиецот и да ја спаси Лусил. Времето немилосрдно тече додека над градот се надвиснува крвавата месечина. „Умешноста на Несбе заслужува највисоки оценки. Ова е првокласна приказна – Хари Хуле се враќа и повторно нè фасцинира.“ „ВГ“
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.