Ако некоја семејна хроника е историја на тишината, потребно е да помине време за да одекне грмотевицата на вистината. Дали најголемиот криминалец во поновата историја го убиле припадниците на колумбиската полиција или на американската тајна служба, ривалите од непријателскиот кокаински клан или, сепак, постоела уште некоја можност? Оваа и другите тајни, кои се сочувани и покрај многубројните играни и документарни филмови и серии инспирирани од кокаинскиот мегабос, се расветлени дури кога авторот на оваа книга, Хуан Пабло Ескобар, се решил докрај да проговори за својот татко. Дури сега се обелоденува вистината за учеството на некои од најблиските роднини во смртта на неумоливиот гангстер и веродостојно се зборува за тоа каков бил тој приватно, а каков како политичар. Оваа биографија, која фактите ги црпи од самиот извор, открива со што Ескобар влијаел врз многу мафијаши од други земји, па и од Балканот, и како е создаден култот на неговата личност.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.