Студен е мигот кога за првпат ќе се здогледаш низ очите на друга личност зашто сфаќаш дека живееш во заблуда за сопственото постоење – и тогаш бездната на непознатиот свет станува уште подлабока.
„Хејлшам“ е навидум мирно интернатско училиште незасегнато од надворешни влијанија. Неговите добро згрижени ученици оттаму излегуваат обликувани според очекувањата на светот. Но никој не ги учи дека она што ги очекува надвор е многу пострашно одошто им се чини. Кети Х. дури по неколку години ја открива вистината за своето идилично училиште – морничавата тајна дека учениците се клонови создадени да обезбедуваат витални органи за човечката популација. Ќе успеат ли таа и нејзините пријатели Рут и Томи да се приспособат на напредниот, но сè уште суров свет?
„Никогаш не оставај ме“, потресна приказна со дистописки призвук, прераснува во предупредување за човештвото и опасностите што му се закануваат за сметка на напредокот.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.