Со своето објавување „Олга и Лина“ предизвика голема сензација. Актерите во романот се целосно спротивни, а нивните животни приказни се проткаени со среќа и тага, болка и радост, копнеж и надеж. Олга е млада девојка приморана да се омажи за баронот Алфред, бидејќи нејзината мајка Клара копнее по баронска титула, и е толку сурова што дури учествува во силувањето на сопствената ќерка само таа да се омажи за него. Но, Алфред е заљубен во Лина, која го користи само за неговите пари, а вешто умее да ја искористи предноста што и ја овозможува нејзината заводливост. Лина поседува фатална и магична привлечност, таа е убавица која манипулира не само со околината, туку и со мажите. Развратна, неморална, убиец, одмаздница, браколомница, ривалка на Олга, која е сосема спротивна, нежна и кревка девојка, со сите позитивни особини. Крајот на романот е шокантен и ќе ги разбуди сите ваши сетила. Уживајте читајќи и дознајте зошто ова е еден од најчитаните хрватски романи на сите времиња.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.