Книгите се пишуваат за да се каже она што се мисли, а не за да се прикрива вистината.
Четврта, завршна книга од Неаполскиот серијал. Величествено финале на најголемата книжевна сага на 21 век.
Брилијантната Елена и нескротливата Лила веќе се во зрели години. Низ сите голготи што им ги приреди судбината, нивното пријателство беше центарот на гравитацијата околу кој се движеа нивните животни приказни. И кога се чини дека сите лекции се научени и сите болки се веќе преболени, се соочуваат со најголемата загуба.
Двете жени се бореа да избегаат од маалото во кое пораснаа. Елена се омажи и се пресели, објави неколку книги, но се врати во Неапол за да биде со мажот што го сака. Од друга страна, Лила никогаш не успеа да се ослободи од своето минато. Иако сиот живот се обидуваше да го избегне, сега станува незапирлив водач во тоа окружување и успешен претприемач. Сѐ до кобниот ден...
Наспроти заводливата и опасна заднина на Неапол, приказната за пријателството е раскажана со неповторлива искреност и красноречивост. Сите четири дела од оваа сага создаваат незаменлива приказна која со секое навраќање им носи на читателите нови откритија.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.