Приказната на „Светиот глад“ е сместена во средината на 18 век, а во нејзиното средиште е „Ливерпулскиот трговец“, брод за превоз на робови вклучен во озогласжената триаголна трговија, Ливерпул-западна Африка-Карибите, главниот трговски пат во трансатлантската трговија со робови. Всушност, романот е поделен на два дела – дејството на првиот дел се одвива истовремено во Ливерпул и на „Ливерпулскиот трговец“ во 1752 и 1753 година, а на вториот дванаесет години подоцна во мочуриштата на Флорида. Насловот „Светиот глад“ е алузија на алчноста, себичната желба за заработка што води до насилство и свирепост, па од една страна ова е приказна за моќта, алчноста и ароганцијата, а од друга страна за човечкото страдање, очај и осаменост.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.