Мари-Лор живее во близина на Природонаучниот музеј во Париз, каде што нејзиниот татко работи како главен клучар и е последниот чекор помеѓу светот и големите музејски тајни. Мари-Лор ослепува на шестгодишна возраст, па нејзиниот татко и моделира една беспрекорна минијатура на нејзината населба, за таа да може тактилно да го меморира секој агол и секогаш да знае да го најде патот накај дома. шест години подоцна, Германците го окупираат Париз и, по игра на случајот, Мари-Лор и нејзиниот татко завршуваат во Сен-Мало со највредниот музејски експонат: легендарниот скапоцен камен Пламено море. Во меѓувреме, сираците Вернер и неговата сестра Јута растат во Цолферајн, рударскиот центар на Германија во тоа време, чијшто воздух станува се позагаден благодарение на Гебелсовата пропаганда. Уште како малечок, откако наоѓа и поправа едно фрлено радио, Вернер се фасцинира од необичноста на овие нови инструменти што се способни да ги уловат гласовите што невидливо треперат околу нас.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.