Facebook Pixel

СИ БЕШЕ ЕДНАШ Најубавите бајки на сите времиња

Мек повез

i

Број на страни: 263

Димензии: 14 × 21 cm

ISBN13: 9786082678825

1.290 ден

SKU: 9786082678825 Категорија Ознака:

Си беше еднаш една книга со 52 бајки од Ханс Кристијан Андерсен, Браќата Грим и Шарл Перо, по една за секоја недела во годината. Книгата-ковчеже има и Златно клуче за отклучување и влез во најубавите бајки на сите времиња. Секое дете има право на своја прва средба со бајките со кои пораснале генерации и генерации претходно, заедно со нивните родители, нивните баби и дедовци. Да им читаме на децата покрај нас и во нас, да читаме заедно со нив, за заспивање и за будење, за воспитување и за уживање, за развивање на мечтите и на чувството за праведност. Бајките се најсигурниот патоказ кон нивната иднина.

СИ БЕШЕ ЕДНАШ (Најубавите бајки на сите времиња) е голема книга за малите читатели со нова, воедначена раскажувачка адаптација на Оливера Ќорвезироска (соодветна и примерена на новото време и на новите генерации читатели) и раскошни илустрации од Наталија Лукомска, во која можат да се најдат и неколку бајки кои првпат се преведени и адаптирани на македонски јазик.

Дополнителни информации

Димензии 14 × 21 cm
Автор

Издавач

Јазик

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.