Срце, глава, стомак е сатирична романтична новела издадена во 1862 година. Раскажана е во прво лице од протагонистот Силвестре да Силва, кој на читателот му ги раскажува причините за своите љубовни неуспеси и радости во тогаш современиот Лисабон. Поделена е на три дела: во Срце, Силвестре е постојано вљубен, но несреќно, таа негова единствена цел и фрустрација е да ја пронајде совршената жена. Гневен, преоѓа во вториот дел Глава, каде што материјално гледа на љубовта и го негира сето тоа што му се чини неправилно во тогашното општество, така што во еден весник од Порто завршува здобивајќи се со фама на клеветник. Во третиот дел од неговиот жживот му се предава на Стомакот и живее селски жживот со мигови на мир и задоволство: се спојува со Томасија, ќерка на генерал-мајорот од Соутело, и добива богата женидба исполнета со прекрасни јадења, далеку од разочарувањата на главата и срцето.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.