Потпрен на едно од типичните начела на готските романи - ќудниот, мистичен амбиент, романот „Страшни приказни“ комбинирајќи ги хоророт и романсата не води низ испреплетените животи на неколкуте добро изградени ликови, заробени во една зима, 1965 година, некаде на швајцарските Алпи. Завеани и отсечени од светот, тие си ги раскажуваат најстрашните нешта што им се случиле во животот, создавајќи цел еден паралелен, напнат и возбудлив свет во кој самите првин се само раскажувачи или слушатели, а потоа и учесници. Приказната е богата, слоевита и „готска“, преполна со морничави сцени, мрачни заплети и таинствени случувања. Раскажувачки е водена мошне внимателно и вешто. Готскиот роман, готската фикција, готскиот хорор воопшто е редок во современата македонска книжевност и во тој контекст овој роман дава значаен придонес во развојот на домашната жанровска литература.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.