Тајната на Александар Македонски

Мек повез

i

Број на страни: 552

Димензии: 14 × 20 cm

ISBN13: 9786084614777

600 ден

SKU: 9786084614777 Категории: ,

Гулчук раскажува детално, педантно и непристрасно, користејќи прилично богата фактографија за животот и за делото на најголемиот војсководец на сите времиња – Александар Македонски. Светот го знае како ученик на Аристотел, цар на Македонија, голем воен стратег, најпознат завојувач којшто мечтаел да владее со сите народи што ја населуваат Земјата, како човек што никогаш не отстапувал од своите замисли, но во овој роман Александар Македонски е претставен и од помалку познати аспекти, без глорифицирање на неговите подвизи и на неговата величина. Гулчук раскажува дека само еднаш се изневерил себеси.

И тоа станало негова историска трагедија и голема тајна. Таа ни нуди комплексна и детална приказна за големата историска личност, а во овој историски, љубовно-авантуристички, па и криминалистички роман се раскажува и за прекрасни жени, за доблесни мажи, за силни страсни чувства, за чувството воспеано од поетите на сите времиња и народи – љубовта.

 

Дополнителни информации

Димензии 14 × 20 cm
Автор

Издавач

Јазик

Pin It on Pinterest

Share This