Втората светска војна е при крај, неизбежноста од поразот на германија станува се поочигледна. Но, Хитлер има уште еден ас во ракавот - најновото чудо од оружје, балистичката ракета способна да лансира боева глава до целта, тешка еден тон и со три пати поголема брзина од звукот. Лондон е главна цел на гранатирањето. Руди Граф, научник кој цел живот сонувал да лансира ракети на Месечината, сега е принуден да создаде оружје што ќе убива невини луѓе. Офицерката Кеј Кејтон-Волш, која и самата има преживеано напад на Фау-2, е испратена на задача во неодамна ослободената Белгија, да работи на идентификување и уништување на проектилите при лансирање. И двајцата, Германец и Англичанка, водат војна на сопствената страна на фронтот, но во најсуровиот и најодлучувачкиот час нивните судбини ќе се вкрстат. „Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ракета, во овој роман се случува уште една, помалку позната приказна за британскиот обид за спречување на ракетните напади - со помош на алгебра. „Њујорк Тајмс“
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.