Една кутија закопана два метри под земја. Едно старо писмо, медалјон и клуч. Звучи интересно, зар не? Откријте ја мистеријата обвиткана околу најљубовната скопска приказна што некогаш сте ја прочитале. „Љубов голема колку Скопје“ е втора книга за деца и млади од Александра Тодоровиќ. Таа го прифати предизвикот да влезе во временската капсула и оттаму да им купи билети на сите кои сакаат да бидат дел од едно неверојатно патување. А Скопје е љубов и во себе крие многу љубови. Скопје е љубов заради луѓето во него. И секогаш сè е заради љубовта. Таа врзува, ослободува и крева. Затоа Александра Тодоровиќ, која добро го познава Скопје напиша едукативна и интерактивна книга која ќе го разбуди љубопитството на децата, но и суптилно ќе им подметне не само знаење и интерес за она што било, туку и љубов која ќе ги научи како да се грижат за околината и за луѓето во неа.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.