Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“.
„Бадникова вечер“ е еден од најпознатите романи на кинеската писателка Хуанг Беиѓиа (1955), која има богат книжевен опус, пред сè романи. Во овој роман таа пишува за растењето и за созревањето на децата во современиот свет, кои стануваат пореалистични, попресметливи, осамени и егоцентрични. Многу време поминуваат со електронските уреди, поради што им недостасува разговор и дружење во реалниот свет, со вистински луѓе, а машините ги прават попаметни, но и постудени. Преку приказната за осумгодишниот главен лик, таа го следи неговото брзо зреење, но и доцното зреење на неговиот самохран татко. Животот на осумгодишното момче и неговиот самохран татко е необичен за надворешните лица, но топол и интересен за себе. Еден ден, во нивниот живот влегува малолетен деликвент, со што сè станува хаос. На испит се човечноста, одговорноста и љубовта. Во очите на младиот јунак, неговиот татко пораснува во маж и татко. Овој роман на Беиѓиа е дел од популарна серија нејзини романи за кои се смета дека имаат големо општествено влијание.
Дополнителни информации
| Димензии | 14 × 20 cm |
|---|---|
| Автор | |
| Издавач | |
| Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





