Cart 0 0 ден

Вода, пајажина

Мек повез

i

Број на страни: 360

Димензии: 14 × 20 cm

ISBN13: 9786082250922

300 ден

SKU: 9786082250922 Категории: ,

Награда „Владимир Назор“ – за најдобро книжевно дело во Хрватска.

Романот е награден со две престижни награди: Наградата на Градот Загреб и со највисоката хрватска државна награда во културата – „Владимир Назор“, за најдобро книжевно дело во 2010 година.

„Вода, пајажина“ започнува со големата поплава на Загреб, во 1964 година, со драматичен опис на евакуацијата на жителите на Трешњевка и на продирањето на водата која со себе носи и балвани и смет и смрт. Потоа дејството се пренесува во есента 2009 година и добива драматичен и динамичен тек – со трилерски ритам.

Во романот се сретнуваат различни жанрови, хармонично споени, а во приказната на романот има уште приказни – за ескортната проституција, за жртвувано дете, за три сестри, за распаднати семејства, за веридба и погреб, за здравата храна и нездравите идеи, за мафијата, политиката, полицијата... Сите тие го прават комплексен романот, кој се базира на патологијата на општеството, која, пак, од нивото на едно семејство се шири во концентрични кругови.

Дополнителни информации

Димензии 14 × 20 cm
Автор

Издавач

Јазик

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.