Големоглав син и малоглав татко

Мек повез

i

Број на страни: 190

Димензии: 14 × 20 cm

ISBN13: 9786082521664

300 ден

SKU: 9786082521664 Категории: , ,

Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“.

Мека корица: 300 ден. Тврда корица: 400 ден.

„Големоглав син и малоглав татко“ е најпознатото дело на кинеската писателка Џенг Чунхуа (1959) кое во Кина со години е бестселер и е едно од најрепрезентативните дела во литературата за деца. Адаптирано е за цртана серија која е посебно популарна кај младите и се прикажува во неколку сезони. Приказните во оваа книга се однесуваат на едно среќно семејство – син со голема глава, татко со мала глава и мајка со престилка. Тие, обични и срдечни, водат заеднички живот полн со смеа. Во семејство полно со љубов и топлина, синот расте и учи како да ги почитува другите луѓе, како да се соочува со тешкотии и како да ги сака другите.

Книгата е неверојатно духовита и луцидна.

„Кога син ми имаше три години јас и мојот сопруг често го носевме да се поврзе со природата и да го научиме за сите видови мали животни. За време на овој процес, додека мојот сопруг и син си играа среќно, забележав некои уникатни работи за тој период и добив идеја да создадам дело за односите на љубов во семејство со едно дете, што е главна структура на семејството во сегашново општество. Конечно, делото се појави како Големоглав Син и Малоглав Татко“, пишува авторката.

Делото доби неколку високи награди, а Кинеската централна телевизија направи анимирана серија од 156 епизоди базирана на делото, која ја освои наградата за анимација „Златен орел“ (Кина), добивајќи голема наклонетост од децата и од родителите.

Дополнителни информации

Димензии 14 × 20 cm
Автор

Издавач

Јазик

Pin It on Pinterest

Share This