Семејството на Мирабела е посебно, а сите љубители на Исидора Мун веројатно веќе ја познаваат, затоа што Мирабела е братучетка на Исидора Мун! Исидора и Мирабела имаа авантури и претходно, но овде првпат таа ќе биде главен лик во новите приказни. Мирабела е половина вештерка, половина самовила, целосно палава. Мирабела живее со мајка ѝ, која е вештерка, татко ѝ, кој е виленик, и брат ѝ Вилбур. Нејзино милениче е малото виолетово змејче – Виолета. Обожава да прави вештерски магии под месечевата светлина, исто колку што ги обожава и природата и самовилската магија. Во „Мирабела прави палавости“ на Мирабела ѝ е забрането да ги понесе своето вештерско волшебно стапче и котелот на традиционалниот самовилски собир… но таа не прави секогаш како што ѝ е кажано… всушност, Мирабела баш ужива да прави палавости каде и да оди. Освен тоа, што би можело да тргне наопаку ако направи малкуцка вештерска магија?!
Дополнителни информации
| Димензии | 14 × 21 cm |
|---|---|
| Автор | |
| Издавач | |
| Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





