Запливај во научнофантастичните води – на нивното дно те чека вистината. Вистината никогаш не е лесно достапна. Треба длабоко и упорно да нуркаш за да ја досегнеш. А Овириум е длабок свет во кој случајностите се апстрактни.За првпат во своето постоење, чуварот на Преминот, битието познато како Смртта, ќе се соочи со човек кој ќе ги сруши сите правила што таа ги познава. Неговата посебност ќе го разбуди стравот на Смртта од пророштвото постаро од времето.
Приказната, раскажана од мистериозен наратор, почнува со едно необично момче со едноставно име што често го слушаш во секојдневието, а можеби дури и самиот го носиш – Матеј. Потонат во сопствениот свет, тој ја открива својата различност. Таа подразбира нов поглед во огледалото. А таму ќе ја најде Смртта во ново руво. Дали таа е неговиот спасител, или џелат?
Што значи смртта за Матеј, а што Овириум за Смртта? Најпосле, што ќе значи „Овириум“ за тебе?
Дополнителни информации
| Димензии | 14 × 21 cm |
|---|---|
| Автор | |
| Издавач | |
| Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.




