Со Дуња никогаш не можев да бидам начисто, понекогаш беше променлива како времето во Мелбурн − четири годишни времиња, не во еден ден туку во текот на еден час. Колку и да велеше дека ме мрази, јас знаев дека ме сака и дека немаше така лесно да се откаже од мене. А и кај ќе одеше? Не знам, можеби ќе посакаше јас да си одам и по овдешните закони ќе го извлечев дебелиот крај, но и на неа немаше да ѝ биде лесно. Дуња не беше жена што ќе одеше да се осветува или да се премажи за да ја заборави старата тага. Во ова верував како што верував во секој залак на лебот што го заработував со мирисот на заморот од сопствената пот. Можеби токму поради ова ја злоупотребував нејзината доверба и нејзината несоборлива љубов кон мене.
Дополнителни информации
| Автор |
|---|
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





