„Искушенијата лежат на секој час.“
„Моралот е темната шума помеѓу доброто и злото."
„Судбината е одредена од одлуките што не сме ги донеле."
„Беладона“ истражува длабоки и актуелни теми како што се искушението, моралот и судбината. Книгата предизвикува емоционална резонанца и поттикнува размислување за етички прашања и морални дилеми. Главниот лик минува низ интензивни патувања кои ги доловуваат емоциите на читателот. Читањето на „Беладона“ носи долгорочна вредност преку разгледување на длабоки морални и филозофски прашања. Од книгата ќе научите за предизвиците на човековата природа и ќе го проширите вашето разбирање за моралот и судбината.
"Во една лудница на југот, можеби и на северот, триесет и девет затвореници исто така си ги шијат устите – со хируршки конец. При шиењето затворениците користат широк закосен бод, па секоја уста е зашиена во три, најмногу четири потези. Беше тоа бунт на болните против персоналот кој не им се обраќаше. Во душевната болница тогаш завладеа уште поголемо безгласје, голем молк кој денес како пареа, како дим, шишти од таваните и од ѕидовите на дотраената зграда во небиднина и во облаците се крева кон небото; во црните ноќи (moonless nights), тоа исто безгласје, тој злокобен човечки молк, наводно лудачки, се враќа како ветре; како мек дожд тој паѓа врз матните окна на нашиот азил во недојдија и, за да преживеат, бидејќи тоа е нивниот единствен воздух, болните со него, со тоа чумаво но безмирисно ветре, со таа невидлива пајакова тишина, ги полнат своите сега веќе распаднати, лабави бели дробови. Пејзажот околу лудницата запечатен е, скаменет, како неподвижен цртеж. Тој лежи под лава од тишина исткаена од нечујни чекори кои меко шумолат бидејќи се излеваат од таа душевна болница во која сите влечки се од филц. Би можел и тој. Да престане да зборува. Да престане да се сеќава."
„Беладона“ претставува богати и сложени ликови кои се соочуваат со морални дилеми. Оваа книга ги поттикнува читателите да размислуваат за здружување, внатрешни конфликти и животни избори. Ликовите имаат длабочина и растат низ прикажаната приказна. Андреас Бан е пистаел и психолог, а над се интелектуалец преполн со емпатија, но неговиот свет со години полека се руши, а кога ќе дознае дека е болен, повторно ги согледува остатоците од својот живот и од животите на своите пријатели. Во борбата со болеста и со староста. Во борбата со болеста и со староста, Андреас Бан е циничен и немоќен, додека прекопува по сопственото минато се сретнува со приказните на опесправените, беспомошните.
„Во Беладона", Даша Дрндиќ ја испитува и ја доведува до крајна граница темата за болеста и невозможноста на живеењето во денешниот потплно дехуманизиран свет и во време кога староста се сметаат за нешто срамно и кога се пропагираат исклучиво вечна младост и безгранична убавина.
Дополнителни информации
Автор | |
---|---|
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.