Маргарет ван Мале е престолонаследничка на Фландрија и сонува за белиот витез кој ќе ја поведе кон замокот во облаците. Но, сите витези кои таа ги среќава се премногу будалести за нејзиниот силен карактер и нејзината темпераментна природа. И еден ден, нејзиниот татко решава со кого таа ќе се омажи тоа лето...
Маргарет со свои зборови раскажува за нејзината лисичина коса која никогаш не може да биде уредна, за Вилем кој е господар на науката за бакнежи, за Родерик од чија вилица таа му искрши еден заб, за монахот Занекин кој смрди на кочина, за слободниот град Бриж и висечките натписи, за книгите на нејзината мајка со љубовни приказни полни со копнеж, за црвените улкуси на лицето на нејзиниот иден сопруг и за омразата која таа ја чувствува кон својот сопствен татко.
Благородничка од Жан-Клод ван Рајкехем и Пат ван Бејерс е многукратно наградувано дело. Оваа книга беше пофалувана и почестена, поради тоа што историскиот роман за млади го направи повторно актуелен. Литературни награди: Книжевниот Лав, Награда од Фламанското детско и младинско жири, Малиот Сервантес, Пофалница од жирито Бакнеж, наградата Интерпровинциале...
Умешно раскажаната приказна за четиринаесетгодишната Маргарет ван Мале која навистина живеела помеѓу 1348 и 1405 година, е премногу оригинална за да се остави така непрочитана да стои на полица.De Groene Amsterdammer
[...] прекрасно раскажан, фасцинантен роман кој нема да ги приклешти само младите, туку и повозрасните за фотелјата за читање и постојано длабоко ќе ги допира, преку неизменетата непосредност и одбивноста во облагородувањето на ужасот. De Leeswelp
Дополнителни информации
Автор | |
---|---|
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.