БУДИМПЕШТАНСКИ ЗАПИСИ 2

Мек повез

i

Број на страни: 568

Димензии: 14 × 24 cm

ISBN13: 9786082015347

ден 590,00

SKU: 9786082015347 Категорија Ознаки: ,

Пред вас се отвора втората книга од едно патување, поместено од координатите на нужноста, но вкоренето во љубовта кон вистината. „Будимпештански записи“ (втор дел) е повеќе од само продолжение, тоа е живо сведоштво за едно време исполнето со предизвици, надежи и разочарувања. Во неа се вткаени не само мисли за државата и за политиката, туку и лични исповеди кои се огледало на еден живот посветен на идеали што ги надминуваат минливите политички констелации.

Текстовите кои ги собрав тука се како парчиња од мозаик – претходно споделени на социјалните мрежи, каде што предизвикаа бројни дискусии и размисли. Но, времето на интернетот е ефемерно, а зборовите заслужуваат трајност. Затоа, оваа книга е обид да ги зачувам тие мисли, да ги синтетизирам во целина што ќе остане како сведоштво за периодот од април 2023 до април 2025 година – период исполнет со турбуленции и пресвртни моменти за Македонија, Балканот и светот. Како поранешен премиер на Република Македонија, мојата цел никогаш не беше да коментирам сè што се случуваше.

Политиката има свои актери – политички партии, аналитичари и медиуми – кои го прават тоа секојдневно. Моите текстови се фокусираат на она што сметав дека во даден момент е важно да се каже за одредена конкретна тема, на она што допира до срцето на проблемите и предизвиците со кои се соочуваме како општество и како личности. Во овие страници се испреплетуваат размисли за минатото, сегашноста и иднината – за моментите кога сме биле исправени пред избори што го менуваат текот на историјата, но и за оние тивки мигови на интроспекција, кога се прашуваме дали сме направиле сè што можеме за да оставиме свет подобар отколку тој што го најдовме.

Ова не е само книга за политичките борби, ова е книга за луѓето, за нивните соништа и стравови, за нивната борба да останат верни на себе во свет кој често ги принудува да се променат. Македонија по промената на власта во 2017 година доживеа големи промени и трансформација на својата институционална архитектура, почнувајќи од промената на Уставот заради смена на името и на идентитетот на Македонците, што предизвика нужност од смена на речиси сите закони, имиња на институции, лични документи итн., а паралелно се всадуваше нова ментална свест која ги рушеше идеалите за кои не само ние, туку и генерации Македонци и граѓани на Македонија со децении и векови се бореа, а поврзани со суверенитетот, самостојноста, борбата за националниот интерес, криминалот и отпорот кон неправдата.

Правосудниот систем, кој треба да биде бедем на правдата, стана инструмент на политички кампањи во спроведувањето на тие промени со кои ги проголтаа и елиминираа не само политичките неистомисленици од кои имаа страв, туку и самата идеја за правда. Затоа, оваа книга е и мој отпор од позиција на принудниот егзил, со кој ја напуштив својата земја не заради авантура или желба, туку заради преживување. Секој текст овде има своја приказна и своја тежина.

Некои се аргументирана критика на власта и општествените појави, други се предлози за надминување на предизвици и патокази за можен напредок. Има и текстови поврзани со реформи и проекти кои го променија животот на граѓаните во времето кога ја предводев владата, но и размисли за нереализирани визии и започнати иницијативи кои новата власт ги запре или ги преобликува. Книгата изобилува со текстови кои ја опишуваат технологијата и смислата на одредени проекти во економијата, здравството, образованието, земјоделството и културата...

Дополнителни информации

Димензии 14 × 24 cm
Автор

Издавач

Јазик

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.