Детски пакет I Најдобрите книги за моето дете II

ISBN13: сет од 3 книги

1.099 ден

Категории: ,

За Малиот принц, д-р Дулитл, за Момо и за сите паметни деца кои сакаат да фантазираат.

Некои детски книги не се забораваат кога ќе пораснеме. Им се враќаме затоа што зад авантурата, хуморот и фантазијата кријат прашања за пријателството, времето, добрината, осаменоста и начинот на кој го гледаме светот.

Овој пакет од три класици е за децата кои сакаат да фантазираат, да патуваат низ необични светови и да откриваат нешто повеќе од самата приказна.

Во пакетот добивате:

„Малиот принц“ – Антоан де Сент-Егзипери
Приказна за едно необично патување низ кое детето се среќава со пријателството, љубовта, одговорноста и со чудниот свет на возрасните. Едноставна на прв поглед, но книга што со секое ново читање отвора поинакви прашања.

„Приказна за доктор Дулитл“ – Хју Лофтинг
Авантуристичка и духовита приказна за докторот кој умеe да разговара со животните. Книга исполнета со патувања, необични средби и ситуации што ја поттикнуваат фантазијата, но и чувството за грижа кон другите живи суштества.

„Момо“ – Михаел Енде
Приказна за девојчето Момо и луѓето на кои некој им го краде времето. Книга што на децата им зборува за нешто што и возрасните лесно го забораваат: колку вредат времето, вниманието, вистинскиот разговор и присуството со луѓето што ги сакаме.

За кого е овој пакет?

За нашите деца кога:

  • сакаат книги во кои може целосно да се изгубат;
  • имаат богата фантазија и сакаат необични ликови и светови;
  • веќе можат да уживаат во подолга приказна;
  • сакаме да им понудиме книжевни класици што ќе им останат во сеќавање;
  • сакаме читањето да отвора разговори за пријателството, времето, добрината и односот кон другите.

Трите книги се многу различни, но ги поврзува истото: му дозволуваат на детето да фантазира, а притоа незабележливо го водат кон важни прашања за животот и луѓето.

3 книги · 15 минути дневно · 90 дена

Понекогаш најдобрите книги за детето се токму оние што не му кажуваат што да мисли, туку му оставаат простор да замислува, да чувствува и само да открива.

Pin It on Pinterest

Share This