Facebook Pixel

ИСКРИ КАКО ЅВЕЗДИ

Мек повез

i

Број на страни: 383

Димензии: 14 × 21 cm

499 ден

SKU: IK_0339 Категорија

Напнато… емоционално. Се затеков себеси како желно го следам дејството, нешто што го немав сторено многу одамна, со големо нетрпение и исчекување каков нов пресврт ќе се случи“ – НПР (Државно радио)
Американка со авганистанско потекло се враќа во Кабул со цел да ја дознае вистината за своето семејство и за трагедијата што им го уништила животот: тоа е дејството на овој брилијантен и жесток роман од авторката на бестселерите Бисерот што ја скрши школката, Куќа без прозорци и Кога месечината е ниско.

Кабул, 1978 година: Како ќерка од угледно семејство, Ситара Замани живее живот полн со привилегии во авганистанската космополитска престолнина. Тие 70-ти години се период што ветува извонредно многу, под водство на луѓе како Сардар Дауд, прогресивниот авганистански претседател, и саканиот татко на Ситара, инаку десната рака на претседателот. Но, светот на десетгодишната Ситара се урива кога комунистите изведуваат воен удар, при што ги убиваат претседателот и сите од семејството на Ситара. Таа е единствената преживеана.

Од палатата скришно ја изнесува еден гардист по име Шаир, по што Ситара на крај завршува во домот на една американска дипломатка, која ја посвојува и ја подига во Америка. Во својата нова земја, Ситара добива и ново име – Аријана Шеперд – и се фрла на студии, за на крај да стане познат хирург. Како еденствена преживеана од трагедијата, Аријана одбива да гледа зад себе и место тоа решава траумата и катастрофалната загуба што ги претрпела да ги закопа длабоко во себе.

Њујорк, 2008 година: Триесет години по таа фатална ноќ во Кабул, светот на Аријана повторно се разнишува од корен кога во нејзината ординација влегува еден постар пациент – човекот кого не очекувала дека некогаш повторно ќе го види. Тоа е Шаир, војникот што ја спаси, а, сепак, кој, можеби, и го убил целото семејство. Средбата со него кај Аријана буди гнев и желба за одговори – и, можеби, за одмазда. Сфаќа дека не може да продолжи со животот ако не ја дознае вистината, па тргнува во потрага, која ја враќа во Кабул – центарот на борби меѓу корумпираната влада и талибанските фундаменталисти – и низ засенчените сеќавања на саканиот свет што го изгубила.

Смела, просветлувачка, трогателна, а, сепак, полна со надеж, Искри како ѕвезди е приказна за домот – за Америка и за Авганистан, за трагедијата и за опстанокот, за повторното пронаоѓање и сеќавање, приказна раскажана со карактеристичниот глас на Надја Хашими.

Дополнителни информации

Димензии 14 × 21 cm
Автор

Издавач

Јазик

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.