Дејвид Брукс, еден од водечките американски писатели и коментатори, во оваа книга истражува како трфеба да им посветуваме внимание на другите, како активно да слушаме, да водиме исполнети разговори и да развиваме емпатија за да ги зајакнеме односите и да го направиме разбирањето на другите наш начин на живот. Внимателно осмислена, книгата се потпира на лекции од психологијата, невронауката, историјата уметноста и филозофијата за да ни помогне да растеме како личности и да градиме црвсти врски со другите, засновани на меѓусебно разбирање и прифаќање. Во време обележано со чувство на фрагментираност и несигурност, оваа книга може да биде лек за општеството што се распаѓа и поттик да ги пронајдеме мудроста и чувството за морална цел преку сочуствителен пристап кон другите.
Дополнителни информации
| Автор |
|---|
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





