Партениј Зографски – Преродбеник, просветител и автор на првите учебници на народниот јазик
Партениј Зографски (1818–1876) е една од најсветлите личности на македонската духовна и културна историја. Како духовник, митрополит, училишен реформатор, филолог, книжевник, фолклорист, тој оставил трага што нѐ задолжува и денес.
Она што го прави посебен е неговата визија – дека секој народ треба да го чува својот јазик и преку него да се образува. Затоа, Партениј Зографски ги создаде првите учебници на народниот јазик, со кои нашите предци за првпат учеле, се просветувале и ја почувствувале силата на својот идентитет. Говорот е земен од неговиот роден галички крај.
Учебниците што ја отворија вратата на знаењето:
-
„Почетно учење за децата“ – првиот чекор кон писменост и знаење.
-
„Кратка свештена историја на старо и новозаветната црква“ – духовна основа за младите.
-
„Мисли за бугарскиот јазик“ – филолошка и просветителска рефлексија за разликите на македонското и бугарското наречје
-
„Житие на свети Климент“ – превод од отец Зографски на житието на нашиот свети Климент - најголемиот учител и духовен татко на Словените.
Со овој комплет ја допирате суштината на македонската духовна преродба и станувате дел од историјата. Како што рекол самиот Партениј:
„Најнапред учи од книга на својот јазик, после, ако имаш време, учи и на други јазици.
Прилагодени на современ македонски јазик
👉 Купи, прочитај, сподели - знаењето расте кога се споделува.
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





