Колку долго можеш да издржиш без да ја дознаеш вистината?
Тајни, лаги и вистини што нема да сакаш да ги игнорираш!
„Лов на сенки“ — Многумина му завидуваат на богатството што трговецот со старо железо, Холгерсен, го има изградено во животот. Сепак, не знаат дека тој има дијагноза параноидна шизофренија. Кога Холгерсен го повикува својот син Като и му кажува дека некој пукал кон него, тој мисли дека татко му повторно е болен. Кога ќе се случи катастрофата, шерифот Оле Вик започнува истрага. Не пронаоѓа никакви траги од мистериозниот напаѓач. Случајот треба да биде затворен, кога се појавува еден мошне необична трага.
„Причина за смрт“ е судско-медицински трилер кој ја спојува прецизноста на форензичката наука со напнатоста на класичен криминалистички роман. Д-р Кеј Скарпета, се соочува со случај кој започнува во калливите води на Вирџинија, но завршува во најмрачните ходници на политичкиот заговор и личната одмазда. И секоја одлука станува прашање на живот или смрт.
„Обична благодет“ е добитник на повеќе престижни награди за најдобар роман и е прогласен за бестселер на „Њујорк Тајмс“. Магазинот „Тајм“ го вклучи меѓу 100-те најдобри мистерии и трилери на сите времиња. Френк го започнува летото преокупиран со грижите на кое било тинејџерско момче, но кога трагедијата неочекувано ќе го погоди неговото семејство - неговиот татко - свештеник методист; неговата мајка, страсна уметничка; Џулијард – неговата постара сестра - тој се наоѓа себеси втурнат во свет на возрасни полн со тајни, лаги, прељуба и предавство.
НЕ ПОЧНУВАЈ АКО НЕ СИ ПОДГОТВЕН ДА ДОЗНАЕШ СÈ ВО ЕДЕН ЗДИВ.
Купи, прочитај, сподели – мистеријата расте кога умешно ја споделуваме!
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.








