ПОВТОРНО ОД ПОЧЕТОК записи од секојдневното и вечното

Мек повез

i

Број на страни: 162

ISBN13: 978-608-2860-00-8

ден 699,00

Секој ден уште една мала борба.

Знам. Понекогаш се будиш со сила, а понекогаш со умор. Понекогаш со благодарност, а понекогаш само со тивка молитва: „Боже, помогни ми да издржам.“

Сите сме на истиот пат. Секој со својот крст. Секој со својата болка.
Секој со своите мисли, падови, стравови и надежи.

Во оваа книга не сакам да ти зборувам оддалеку. Сакам да седнам до тебе и да ти кажам неколку едноставни зборови за секојдневното и вечното. За домот, бракот, децата, уморот, тагата, љубовта, простувањето, молитвата, Крстот и Воскресението.

Ќе зборуваме за деновите кога треба да простиш, а сè уште боли. За миговите кога треба да љубиш, а си изморен. За ноќите кога мислите не те оставаат на мир. За часовите кога не знаеш што понатаму, но сепак мораш да направиш уште еден чекор.

Не ти велам дека секогаш ќе биде лесно.
Не ти велам дека нема да паднеш.
Ти велам само ова: не очајувај.

Падот не е крај. Уморот не е пораз. Тешкиот ден не е целиот живот.
Додека дишеш, можеш повторно да се исправиш.
Повторно да се помолиш. Повторно да простиш.
Повторно да љубиш. Повторно да почнеш.

Повторно од почеток.

Дополнителни информации

Автор

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.