Како што спортските тимови имаат сезони на победи и сезони на порази, така имаат и различните видови организации. И, како што секој спортски тим може да искуси неуспеси и повреди, така може и кој било бизнис. Честопати, најуништувачка причина за ова е одложувањето. Еден член од вашиот тим кој секогаш доцни, може да предизвика огромна штета кај другите играчи. Тоа може да биде во облик на дополнителен стрес за сите, финансиска загуба или дури и неуспех на компанијата. За среќа, постои решение за овој проблем - и вие го држите в раце!
Кен Бланчард и Стив Готри направија бум со Точниот, насочен кон целта менаџер. Оваа книга не само што нуди цврст како карпа план за да им помогне на одложувачите да се вратат во седлото, туку исто така дава основа за донесување секојдневни одлуки базирани врз највисоките морални и етички стандарди.
Сосема е природно за спортските фанови да се надеваат дека нивниот омилен тим ќе има победничка сезона секоја година. Слично, акционерите, вработените и клиентите очекуваат дека нивната компанија или непрофитабилна организација ќе цвета и ќе расте од година во година. Сепак, обете овие очекувања се нереалистични - дури и кога постои врвно лидерство. Да се има, да речеме, врвен менаџер на еден бејзбол клуб, не дека неопходно гарантира победнички рекорд или место во плејофот. Многу други фактори се во игра. Кусата листа ќе вклучува силата на конкуренцијата, природата на распоредот и повредите на играчите.
Дополнителни информации
Автор | |
---|---|
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.