Слободно адаптирајќи ги традиционалните приказни за народните херои Тил Уленшпигел и Ламе, авторот ја сместува својата приказна во 16 век, на врвот на инквизицијата. Таткото на херојот е запален на клада како еретик, а Уленшпигел се заколнува дека ќе ја одмазди неговата смрт. Со својата тема на отпор против угнетувањето, книгата е наречена „Библија на Фландрија“ и „бревијар на слободата“. Сепак, ниту морничавите сцени на смрт и на мачење, ниту одредената тенденција кон филозофирање не ја спречуваат, како што авторот ја опишува, да биде „весела книга, уметничко и литературно дело“. Oва ремек-дело доживеа универзален успех по смртта на неговиот автор и генерално се смета за фундаментално во белгиската литература со француски израз. Прочитајте зошто е еден од најценетите романи во белгиската, но и во светската литература!
Дополнителни информации
| Издавач | |
|---|---|
| Автор |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





