Лудилото на една жена – роман за љубовта, болката и цената на слободата
Интензивна и бескомпромисна исповед за жената фатена меѓу страста и општествените граници.
Зошто е ова важна книга?
„Лудилото на една жена“ е еден од најмоќните романи на современата карипска и светска книжевност, кој храбро зборува за теми што често се замолчуваат: женската желба, менталното здравје, насилството и општествената контрола.
Една ноќ, под дождот што паѓа врз празниот град, една млада жена тропа на вратата на куќата на своите родители. Нејзиниот брак траел само девет дена. Зад неа остануваат крв, страв и тајна што ќе го промени целиот нејзини живот.
Од тој момент започнува приказната за Ноенка - жена која се обидува да го разбере сопственото минато, семејството што ја обликувало и силите што ја оттурнуваат кон работна разумот. Спомените од детствтото, скриените семејни тајни, насилството, љубовта и вината се испреплетуваат во наратив што постепено ја открива длабоката рана од која произлегува нејзиното „лудило“.
„За лудилото на една жена“ е роман за траумата, за женската судбина во општество полно со противречности и за човековата потреба да ја пронајде вистината за сопствениот живот. Оваа книга поставува едно тешко прашање: Што стои навистина зад лудилото на една жена?
Кои проблеми ги отвора?
Книгата го истражува судирот меѓу љубовта и уништувањето, меѓу телото и моралот, меѓу индивидуалната слобода и системот што ја казнува различноста. Таа покажува како „лудилото“ често е име што му се дава на отпорот.
Што нуди романот?
Астрид Ремер нуди фрагментарен, поетски и длабоко емотивен наратив што го следи внатрешниот распад и созревање на една жена. Романот нема да ви понуди утеха, ќе ви ја каже вистината без задршка.
За кого е наменета оваа книга?
За читатели кои сакаат сериозна литература, за оние што ги интересираат психолошките и егзистенцијални прашања, и за сите што веруваат дека книжевноста треба да вознемирува, а не само да забавува.
:
Купи, прочитај, сподели – знаењето расте кога го споделуваме.
Дополнителни информации
| Автор | |
|---|---|
| Издавач | |
| Јазик | |
| Наслов латиница | Over de gekte van een vrouw, ZA LUDILOTO NA EDNA ZENA |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.







