Од малата чинија за гарнир, зеленчукот се префрли на главната, а зрната добија ново шарено руво и нов стил. Тоа е револуција која е смела, живописна и која постојано се шири.
Plenty е книга за готвење што го лансираше Јотам Отоленги од прекрасен готвач-шеф, сопственик на ресторан во Лондон и колумнист во британските весници, во светски прочуена личност од областа на кулинарството и исхраната. Во ова свое популарно дело, Отоленги презентира над 120 рецепти на зеленчукови јадења кои како понуда може да се најдат во специјализирани вегетаријански ресторани низ светот, со цел да бидат достапни за секој љубител на вкусна и здрава храна во сопствениот дом.
Живописни фотографии го придружуваат секој рецепт во ова извонредно дизајнирано издание на Отоленги, а книгата е интересна за луѓе со вегетаријански начин на исхрана, но и за оние кои претпочитаат јадења од месо со додаток на зготвен зеленчук.
Дополнителни информации
Димензии | 21 × 27 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.