Cart 0 0 ден

Животот е живот

Мек повез

i

Број на страни: 226

Димензии: 14 × 20 cm

ISBN13: 9786082521121

300 ден

SKU: 9786082521121 Категории: , ,

Книгата „Животот е живот“ е збирка од 30 раскази за деца. Во Кина досега имала седум изданија.

Во предговорот авторката вели:

„Оваа книга е зелениот лист на мојот живот. Досега имаше седум изданија. Многу пријатели ми пишуваат за да ми кажат дека многу им се допаѓа оваа книга, што мене ме исполнува со огромна среќа. Но, понекогаш се чувствувам вознемирена затоа што оваа книга е завршена во различни времиња. Мојата физичка болка, пак, ми ги блокира мислите така што, понекогаш, имам нејасни периоди кога не можам да продолжам да пишувам. Мојата надеж ме охрабруваше да дадам сè од себе за да пишувам.“

Џанг Хаиди (родена во 1955 година) е претседател на Кинеската федерација на лица со посебни потреби и е познат активист во кинески и меѓународни организации за овие лица. Нејзините поважни романи се „Сон во инвалидска количка“ и „Самит“. Нејзини најпознати прозни дела се „Прозорец со отвор кон небото“ и „Животот е живот“.

Нејзини преведувани дела се „Клиника на крајбрежјето“, „Ребека во новото училиште“ и „Патопис на малечкиот воденичар“. Кај младите Кинези таа е позната како Сестра Хаиди. Во голем дел од своите книги пишува за лицата со посебни потреби и во нив има многу автобиографски елементи.

Нејзината проза е искрена, храбра и трогателна. „Животот е живот“ содржи 30 раскази.

Едиција: „Најдобрата кинеска литература за деца“

Дополнителни информации

Димензии 14 × 20 cm
Автор

Издавач

Јазик

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.