Сун Јоуѓун (1933 – 2015) во 1990 година бил номиниран за наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ и бил првиот Кинез воопшто номиниран за таа награда. Негови познати збирки со бајки се: „Авантурата на Малиот Бутоу“, „Чудниот старец“, „Ноќта на продавницата за играчки“ и „Вентилатор без ветер“. Јоуѓун е еден од најтиражните кинески писатели за деца. Уште со својата прва книга достигнал милионски тираж.
Тој е еден од предводниците во кинеската литература за деца кои ја воведуваат современата бајка за деца, во која, освен поучноста, е вклучена и магичноста – со прекрасни заплети. Во овој избор, направен од авторот, се вклучени 19 негови бајки кои се интересни за децата насекаде во светот.
Дополнителни информации
| Димензии | 14 × 20 cm |
|---|---|
| Автор | |
| 1 | Македоника Литера |
| Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





