Џанг Ќиушенг (1939) е главен уредник на Шангај јут дејли. Негови најпознати книги се: „Тимот на клукајдрвците“, „Рози во кампусот“ (собрани песни за деца), „Мајмунот кој учи вештини“ (собрани песни и приказни), „Верверицата и нејзините другари“, „Главната вештерка на чаталестото дрво“ (приказни) итн.
Добитник е на неколку високи награди за книжевност. Неговата уметничка концепција секогаш е насочена кон теми како што се љубовта и убавината, како и кон корисно и мудро, концепциско размислување.
Во овој авторски избор се објавени околу осумдесет куси раскази, бајки и басни, поделени во неколку тематски целини. Во предговорот на оваа книга тој пишува: „Моето срце е исполнето со приказни... Откако пишував песни за деца повеќе од дваесет години, одеднаш добив идеја: ’Би можел ли да напишам посебни дела со карактеристики на песните, есеите и приказните што ги сакав?‘ Така, решив да се обидам и – резултатот се ’приказните големи колку дланка‘. За среќа, овој посебен вид дела, кои се куси, поетични, емотивни и конотативни, набргу ги добија симпатиите на најмалите читатели...“
Дополнителни информации
| Димензии | 14 × 20 cm |
|---|---|
| Автор | |
| Издавач | |
| Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





