Алеф

Алеф, заедно со Фикции, самиот Борхес го вброил во своите најважни дела. Сите негови подоцнежни раскази, скици или стихови во суштина се варијанта, модификација или воведен нацрт – фабуларен, есеистички или поетски – на мотивите, идеите и симболите содржани во тие две збирки раскази. Како што самиот Борхес напишал: „бројноста на фабулите и метафорите на какви што е способна човечката фантазија е неограничена“. Во расказите понекогаш се појавуваат вистинити ликови и нереални ситуации, а светот претставен таму е како засилен кошмар, наезда на огледални појави, привиденија и нематеријални слики. Алеф? Тоа се фантазии за времето, за вечноста како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за симболичното огледало на вселената, за фасцинантниот лавиринт на сништата и бесконечноста.

300 ден

Автор: Хорхе Луис Борхес
Издавач: Бегемот
Димензии: 161 стр. 11 х 18 cm
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber