Angliska-muzika

Англиска музика

Во дваесеттите години на XX век во Лондон, пред салата во која Тимоти Харком секоја вечер работи со татка си Клемент Харком пишува „Клемент Харком. Медиум и исцелувач“. Но, се чини дека Тимоти е оној што ја поседува големата моќ. Повремено онесвестувајќи се и запаѓајќи во состојба што наликува на сон, тој влегува во „англиската музика“, која татко му му ја опишувал кога бил дете, и полека почнува да осознава дека тој поим ги подразбира сите големи достигнувања на англиската култура. Во своите визии Тимоти навлегува во светот на ликовите на големите англиски писатели Чарлс Дикенс, Вилијам Блејк, Даниел Дефо и др., и патува низ времето и историјата. Преку овие ликови тој ја запознава моќта на писателското перо, ги запознава композиторите преку музиката која ја слуша, сликарите – преку нивните слики и конечно ја сфаќа „англиската музика“. Преминот од вистинскиот кон замислените светови на Тимоти е интересна приказна, поинтригантна од поголемиот дел од современата проза.

290 ден

Автор: Питер Акројд
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 360 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?