Krilov-basni

Басни

Во богатата европска традиција на пишување басни, посебно место му припаѓа на Иван Андреевич Крилов (1769 – 1844).

Басните се четиво на кое читателите се навраќаат буквално по оној познат слоган „од 7 до 77 години”. Басните на Крилов се токму такво четиво. Препознатливи, куси и ефектни, пишувани на разбирлив, речиси народен јазик, во јампски стих, тие се дел од лектирата што никогаш не застарува.На македонски тие се престроени во проза, но ни со овој „премин” не е изгубена нивната ритмичност и елеганција. Тие можат да се читаат како откачени анегдоти или сосем куси раскази; протагонистите се можеби чудни, но ситуациите сосем човечки. Оттука и наравоученијата имаат сила на луцидни афоризми.

Басните на Крилов и денес, во времето на електронската комуникација и интернет, не изгубиле ништо од својата свежина. Изнедрени од духовитоста на народниот раскажувач, вкотвени во еден утврден, но раздвижен облик, басните под авторската палка на Иван Крилов и во XXI век ја задржале силината на своите дијагнози, зашто и покрај сите технолошки помагала, слабостите на човековиот карактер и однесување не се поправиле. Напротив…

„Може одговорно да се каже, без страв од преувеличување, дека странецот кој ќе ги проучи басните на Крилов ќе има појасна претстава за рускиот национален карактер отколку да ги прочита сите можни дела што го разгледуваат тој предмет.“

Иван С. Турѓењев

250 ден

Автор: Иван А. Крилов
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 150 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber