Бела како снег

Седумнаесетгодишната Лумики Андерсон се најде на улиците во Прага, во потрага по долго посакуваниот мир далеку од љубопитните очи, семејните тајни и од суровиот господар на подземјето. Меѓутоа, брзо по доаѓањето, ја запознава младата и преплашената девојка Ленка, која тврди дека е нејзина одамна изгубена сестра. Лумики ќе се вплетка во неверојатна и несфатлива игра на медиумските манипулации и на верскиот култ Бела фамилија, кој е поопасен отколку што некогаш можеше да замисли.
И додека полека ја открива вистината, животот на Лумики повторно ќе се најде во смртна опасност и овој пат сфаќа дека мора да побара помош за да побегне од прогонителите, да го спаси својот и животот на Ленка и да ги разоткрие грозоморните тајни што ги крие добро организираната верска секта…
Сала Симука (1981) е финска авторка на романи за млади. Студирала нордиска филологија и книжевност, креативно пишување и родови студии на Универзитетот во Турк. Живее во Тампере и е добитничка на престижната награда Topelius Prize за најдобар фински роман за млади во 2013 година.
Трилогијата романи Снежана (Црвена како крв, Бела како снег и Црна како абонос) стана книжевен феномен веднаш по нивното објавување, а наскоро се очекува и премиера на овие светски бестселери на филмското платно во Холивуд. Авторските права за романите досега се продадени во 52 земји во светот.

350 ден

Автор: Сала Симука
Издавач: Бата прес
Димензии: 222 стр. 13.1 х 20.3 cm
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber