Браќата Карамазови I, II, III и IV том

Браќата Карамазови се смета за едно од најврвните достиг­нувања во светската литература, најголемото и најсеопфатното дело на Фјодор М. Достоевски.
Станува збор за страстен филозофски роман, чие дејствие се случува во XIX век во Русија. Романот покренува длабоки етички дебати за природата на Бог, слободната волја и моралот. Тоа е еден вид спиритуална драма за моралните борби поврзани со верата, сомнежот, судењето и разумот, со заплет кој се одвива околу прашањето за убиството на таткото.
Исполнет со страст, страдање, алчност, љубов, љубомора, тага и хумор – романот на Достоевски истовремено претставува и филозофска и теолошка расправа, и врвна психолошка анализа на природата на човекот.

„Најголемиот роман на сите времиња.“
Сигмунд Фројд
„Достоевски е единствениот психолог од кој сё научив: тој припаѓа на најсреќните изненадувања во мојот живот.“
Фридрих Ниче
„Не постои друг писател кој подобро од Достоевски ги покажува противречностите и флуктуациите на креативниот ум, а тоа на најзачудувачки начин е изразено во Браќата Карамазови.“
Џојс Керол Оатс

1,000 ден

Нема на залиха

Автор: Фјодор М. Достоевски
Издавач: Магор
Димензии: 13*20 cm
Тежина: 950 гр.
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил