Vizantija-vo-dijalog_Milan-Dzordzevic

Византија во дијалог

Авторот на оваа книга, како претставник на живата византиска мисла, култура и цивилизација пишува со чувство на одговорност да го предводи дијалогот на Византија со “овој свет” и со “човекот на овој свет”. На тој начин, тој се движи по врвиците од најновите постигнувања на православната богословска мисла богатејќи ги силосите на теолошкото предание собрано низ вековите, на македонската почва, осветено од Светиот Дух.

Отец Стефан Санџакоски

Византија во дијалог на отец Милан Ѓорѓевиќ ја воведува византиската духовно-интелектуална култура во активен дијалог со современата философија, социологија и психологија, поставувајќи ја не само византиската мисла под лупата на современите дискурси, туку и испитувајќи ги современите прашања и проблеми од византиска перспектива.

Витомир Митевски

Вистинското истражување на големите учители од минатото не е архиварска работа. Тоа е размислување за размислувањето. Тоа е напрегнат дијалог во рамките на традицијата, а првославната традиција за свој структурен елемент ја има иновацијата. Затоа, интензивното мислење со големите умови на православието е придонес кон интензивирањето и возобновувањето на нашиот денешен верски и интелектуален живот, на нашето битие. Византија во дијалог на отец Милан Ѓорѓевиќ е парадигматски пример за достојно учество во овој процес.

Георги Каприев

300 ден

Автор: Отец Милан Ѓорѓевиќ
Издавач: Магор
Димензии: 14*20 cm
Тежина: 220 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?