vojnici

Војници со гумени чизми

Војници со гумени чизми е драматична и страсна приказна за копнежот и љубовта, за растењето и пронаоѓањето на својот животен пат.

Современ роман-потсетник на едно бурно време во кое заедно со големата држава се распаѓаа и многу семејства и надежи, кога се бришеа границите меѓу чувствата и разумот, меѓу реалноста и човечките сништа.

Браќата Васил и Столе се само едни од многуте кои не успеваат да се приспособат кон новите околности. Приказната за нивните соништа и разочарувања лесно го внесуваат читателот во еден магичен свет во кој патувањето низ времето е начин да се долови нивниот живот од една поинаква перспектива. Едниот страстен и немирен, другиот спокоен и разумен, секој на свој начин се соочува со своите демони. И токму кога се чини дека си ги средуваат работите и наоѓаат прибежиште во љубовта, над нив се надвиснуваат нови закани…

250 ден

Автор: Ивица Челиковиќ
Издавач: Три
Димензии: 12,5*19,5 cm
Тежина: 150 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber