Гладот, Колата, Житото и Ние

Поднаслов: Осуда на Биогоривото

Биогоривото е извонредно откритие, но за кого? Фабрики и рафинерии никнуваат како печурки по дожд насекаде во светот. Пченицата, маслената репка, сончогледот кај нас, маслодајната палма,шеќерната трска, сојата или пченката во земјите од Југот, служат како замена за нафтата. Легендарните растенија,кои се уште од почетоците на земјоделството се користат за исхрана на луѓето, денес ги полнат резервоарите на колите и на камионите.
Фарбрис Николино одлучи да пишува памфлет на оваа тема, да им покаже тупаница на они што тврдат дека оваа длабока промена е добра вст, но исто така и на наивните кои веруваат во официјалните изјави во врска со ова ново гориво, преставувано како „еколошко“. Затоа што реалноста е сосема спротивна.

Од европската реформа во 1992, лобито на индустриското земјоделство во Франција, коешто е активно помогнато од државата, бара нови пазари за своето масовно производство. Бумот на биогоривото ја придвижува и машината за производство на ѓубриво и пестициди, и наскоро ќе ги уништи овие наложени резервоари на биоразновидноста какво што е „угарното земјиште“.

Уште полошо е на други места во светот. од Индонезија до Бразил, преку Камерун, ретките недопрени тропски шуми се опустошени за да им се ослободи простор на овие нови насади. Непристојната побарувачка на Северот, која што сака да продолжи да се движи на четири тркала без оглед на цената , предизвикува експлозија на цената на некои основни производи: во свет во кој има близу една милијарда постојано изгладнети луѓе, индустрискиот систем значи го претпочита производството на автомобили пред неприкосновеното право на секого да се најаде.

Најлошото од се, е дека биогоривото воопшто не е еколошко….

210 ден

Автор: Фабрис Николино
Издавач: Магор
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber