Глуво доба

Новинарот Ејнар ја напушта старата изгазена почва на запишување на криминалниот пулс на Рејкјавик и оди на службено патување во Акурејри, каде се очекува да ја зголеми продажбата на Попладневните вести. Но, на патот до театарската проба за делото Лофтур Маѓесникот, Ејнар ненадејно известува за поинтригантни вести: мештанка паднала во река и починала во нерасчистен несреќен случај. Ова е првата (но не и последната) смрт што се појавува во злокобниот тек на настаните кои следат. Трагичната смрт на младиот талентиран актер Скарпхеутин Валкартсон е следниот од мрежата мрачни настани во исландската провинција. Колку повеќе дознава за жртвите, толку повеќе се уверува колку ужасно и мрачно било нивното минато.

Глуво доба, која е преведена на 14 јазика, а сега и првпат на македонски, беше номинирана за Исландската литературна награда во 2005 година, а претходно само еднаш се случило да биде номиниран криминалистички роман.

400 ден

Автор: Аудни Тоураринсон
Издавач: Бегемот
Димензии: 364 стр. 12.5 х 19.5 cm
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber