Година без лето
150 ден
Насушно
…По толку песни напишани и години проживеани
уште недоумици ми ријат во душата
како слепи кутриња
во дедовата градина
Но на јасно сум барем за тебе
годино,
што те одземам од својата живејачка
што не те есапам ниту во случувањата
ниту во возраста
Зашто ми го одзеде летото
во кое мојот корен се напојува
со исконска југовина
За да може да ја продолжи
Нашата
приказна
SKU:
9786082303154
Категории Книги, Поезија, Македонски, Белетристика
Ознаки: Белеѕристика, книги, Поезија