Делфинот

Најновиот ракопис на Александар Прокопиев, книгата раскази „Делфинот“, претставува, пред сѐ, читателско уживање за оној што ќе влезе во неа. Леснотијата – која му прилега на еден од македонските мајстори на прозата (мајстор и по талентот и по занаетското искуство што го има зад себе) – со која се исткаени расказите просто го вшмукува читателот, го возбудува до степен што тој, така маѓепсан од неговата мајсторија, станува дел од нив. […] […] И токму таа игра – тоа одење по конецот што ги дели имагинарното и стварносното – ја прави оваа книга заводлива. Читателот е постојано во недоумица и во некоја состојба на постојано „Хм…“, која го тера да излезе надвор од текстот и да отиде отаде сцената, во бекстејџот, за да види кој си игра со конците. Читањето на оваа книга е како водење љубов, постојано во некаква лебдечка меѓусостојба, ниваму-нитаму, ни сон ни јаве. Ѓоко Здравески

300 ден

ISBN: 9786084718888 Категорија , ,
Автор: Александар Прокопиев
Издавач: Бегемот
Димензии: 300 стр. 11 х 18 cm
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber