Dnevnik

Дневник за Чарноевиќ/ Поезија

Дневник за Чарноевиќ е еден од најинтригантните романи во српската книжевност на XX век. Тоа е роман за млад човек изгубен во виорот на Првата светска војна и неговото специфично лирско доживување на светот. Напишан е во прво лице, со оригинално поставена фигура на двојникoт и асоцијативна, фрагментирана композиција. Тонот е нагласено експресивен, па романот изобилува со лирски вибрации и чудесни поетски слики.

Во вториот дел од книгата се вклучени најдобрите песни на Црњански, придружени со коментари, кои се мошне значајни од гледна точка на расветлување на поетиката на авторот. Поетот Црњански копнее за лирика како чист облик на екстазата. Тој ја промовира тенденцијата за спојување на мотиви и слики за кои претходно не се забележувала некаква можност за нивно поврзување, верувајќи во концепцијата според која сите нешта во светот се поврзани и влијаат едни врз други.

„Црњански пее матно, но сугестивно.“

Мирослав Крлежа
„Од сите нас, само Црњански е роден писател.“

Иво Андриќ

315 ден

Автор: Милош Црњански
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 280 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?