
Доживувањата на еден мртовец
Кратката проза на Михаил Булгаков по својот книжевен дострел стои рамо до рамо со неговите романи и драмски текстови. Пишувани во 1920-ите години и претежно објавувани во тогашните весници и списанија, овие раскази се полигонот во кој се развива писателскиот гениј на Булгаков. Тие неретко наликуваат на стилски етиди и тематски скици за идните долги прозни дела на овој книжевен еретик. Елементите на мрачност, гротескност и сатиричност – карактеристични за општата поетика на Булгаков – се подлога на стилот и тематските преокупации и на неговата кратка проза. Расказот, впрочем, и во неговиот случај се јавува како антиципација и сублимација на богатството на авторската фантазија.
300 ден
ISBN: 9786084718611
Категорија КНИГИ, Кратки Раскази, Фикција
Автор: Михаил Булгаков
Издавач: Бегемот
Димензии: 272 стр. 11 х 18 cm